„Ако остане Мацари, ние ќе заминеме!“


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Играчите на Вотфорд јасно му кажаа на раководството на тимот дека повеќе не сакаат да соработуваат со Мацари.

Голем број фудбалери на овој тим отворено побараа да замине Италијанецот од тимот, а ако не се случи тоа, тогаш тие најавија дека ќе заминат ова лето.

Наводно, играчите на Вотфорд не се задоволни со начинот на кој Мацари се однесува кон нив.

Мацари го превзема Вотфорд минатото лето и иако има 3-годишен договор, постојано се зборува за негово заминување.

Раководството на тимот, според некои информации, бара негова замена.

Вотфорд во моментов е на 16-то место во ПЛ и благодарение на добрите резултати во  првиот дел од сезоната, тие останаа во ПЛ.