„Ако Погба вреди 105 милиони, тогаш Обамејанг вреди 150 милиони“


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Лотар Матеус зборуваше за актуелната ситуација на фудбалскиот пазар, а ја допре и темата Пол Погба.

Пол Погба ги собори сите рекорди во претходното лето.

Фудбалерот кој од Јувентус во Манчестер Јунајтед премина за 105 милиони евра во оваа сезона игра сосема солидно, но многумина сметаат дека е продаден за премногу пари.

Еден од тие кои се згрозуваат кога ќе се спомене трансферот на Пол Погба е и Лотар Матеус, некогашниот тренер на Партизан.

„Ако еден играч како Пол Погба вреди 105 милиони евра, тогаш Дортмунд за Пјер Емерик Обамејанг мора да добие 150 милиони евра“, рече некогашниот капитен на репрезентацијата на Германија.

Обамејанг често се поврзува со клубови во Премиерлигата, ќе видиме дали токмку тој ќе го собори светскиот рекорд.