Алба со изненадувачка изјава: Подобро ми е без Нејмар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Не размислувајќи премногу на последниците, левиот бекна Барселона Џорди Алба, јавно и отворено призна дека му е многу подобро откако Нејмар го напуштил клубот.

Шпанецот заедно со најскапиот фудбалер во историјата беа страв и трепет за противничките играчи по левата страна на Барселона.

„Нејмар е врвен играч кој замина врз основа на своите чувства или околности. Има многу играчи кои може да го заменат и да завршат добра работа, јас сум задоволен како играме. Ќе бидам искрен, сега имам повеќе простор и подобро ми е без него. Во овој случај играм со повеќе самодоверба, а тоа го демонстрирам на теренот. Уживам во тоа што го немав долго време“- коментираше Алба за „Мундо Депортиво“.

Шпанскиот репрезентативец во моментов е прв асистент во Примера со четири додавања претворени во погодок.