Алегри без еден од најдобрите против Валенсија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот првак ќе влезе во дуелот против Ванлесина како фаворит, но Алегри има отежителни околности, поради тоа што Паоло Дибала е под знак прашалник.

Аргентинецот кој со години важи за еден од најдобрите играчи во Јуве, го повреди левото стапало на вчерашниот натпревар против Сасуоло и сеуште не е познато дали ќе биде спремен за претстојниот дуел.

Дибала денес беше на прегледи и го пропушти тренингот додека сите играчи тренираа со полна пареа.

Јувентус е во групата Х во ЛШ, а ќе игра и против Јанг Бојс и Манчестер Јунајтед, со кој веројатно ќе се бори за врвот на табелата.