Алегри е убеден: Само една вистинска шанса и Јувентус е во финалето од Лигата на шампионите оваа сезона…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Масимилијано Алегри истакна денес дека во фудбалот возможно е се, и дека неговата екипа може далеку да оди ако го мине Атлетико Мадрид.

„Вторник вечер е за нас круцијално време во Лигата на шампионите. Пред нас е тежок мел, но ако победиме и одиме натаму убеден сум дека можеме да стигнеме до финалето“, истакна Алегри пред италијанските медиуми.

Јувентус има два погодоци заостанување пред реваншот со Атлетико Мадрид во осминафиналето во Лигата на шампионите кој ќе се одигра утре од 21 часот во Торино.

„Не можеме да знаеме што ќе се случи бидејќи во фудбалот се е можно. Би сакал да одиграме одличен наторевар и да видиме каде тоа ќе не однесе. Атлетико е одличен противник“, истакна Алегри.

Атлетико, од друга страна, ќе биде посилен за Диего Годин и Коке, кои го пропуштија мечот со Леганес изминатиот викенд во шпанското првенство.