Алегри пресече: Својата конечна одлука ја соопшти на управата на Јувентус?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се поизвесно е дека Јувентус без оглед на исходот од сезоната ќе бара нов тренрр.

Имено, Макс Алегри според тврдењата на италијанските медиуми веќе го известил клубот дека неговиот циклус е завршен и дека по пет години ќе го напушти Торино.

Освои четири двојни круни, играше две финалиња во Лигата на шампионите, на патот е кон нова титула, а останува да се види дали ќе ја дополни високата предност на Атлетико и ќе го продолжи патот во Европа.

Иако Алегри не ги потврди овие информации, неговиот ментор Галеоне, човекот кој го инспирираше да стане тренер, вели дека е време за промена и дека најверојатно Макс ќе замине во Премиер лигата, но се споменува како опција и Реал.

Јувентус засега не размислува за новиот тренер, Зидан е на располагање, желбата на навивачите и челниците, се споменува и Дешамп кој го врати Јувентус во Серија А, а потоа замина поради несогласувања со управата.

Останатите мети како Гвардиола и Клоп не се реални, но „Тутоспорт“ пишува дека Јувентус секако ќе го менува тренерот и во иста насока со желбите на Зидан се обидува да го одработи преодниот рок.

Така Марсело е блиску до клубот, се обидуваат да го донесат и Иско, а ќе ги продадат веројатно Бразилците, Алекс Сандро и Даглас Коста.