Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри изјави дека неговиот тим при крајот на натпреварот против Џенова бил многу изморен, но дека успеале да стигнат до победа.
„Бевме изморени пред крајот на натпреварот, повеќе отколку што бевме загрижени за резултатот. Беше важно за нас да победуваме по малите паузи, за да останеме во трка со Наполи“, вели тој.
Наполи моментално е прв на табелата во Серија А со еден бод повеќе во однос на актуелниот шампион Јувентус.
„Освојување на седмото Скудето по ред е голем предизвик за нас и би било големо постигнување ако успееме да го направиме тоа“, додава Алегри.