Алегри ја најде победничката комбинација: Манџукиќ се враќа во првиот тим, а ѕвезда се сели на клупата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус во новата сезона од Серија А тргна со тешка победа против Киево од 3-2, но тој натпревар ќе остане запаметен по дебито на Кристијано Роналдо.

Иако Португалецот ниту погоди, ниту асистираше, сепак јасно е дека иднината на „Старата дама“ ќе се гради околу него.

За да го извлече најдоброто од Роналдо, тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри подготви некои новости за натпреварот против Лацио.

Јувентус би требало да игра во формација 4-3-3, каде што во шпицот ќе биде Марио Манџукиќ.

На клупата ќе се пресели Паоло Дибала, кој во последно време не игра како што сите очекуваат од него.

Инаку, средбата помеѓу Јувентус и Лацио се игра во сабота од 18 часот.