„Али е разочаран и тажен!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Тотенхем, Маурицио Покетино изјави дека не го обвинува Али за елиминацијата од ЛЕ.

Тотенхем одигра 2:2 со Гент во реваншот од натпреварот во ЛЕ и Гент помина во наредно коло со вкупен резултат 3:2.

Деле Али ја направи потешка работата на својот тим, откако доби црвен картон.

Покетино по натпреварот изјави дека не е тој виновен.

„Тој е многу разочаран и тажен. Тоа се случува во фудбалот. Тој знае дека згрешил. И јас мислам дека заслужи црвен картон, тој го знае тоа.“

„Сега е време да го поддржиме, беше многу тажен во соблекувалната.“