Аматерско симулирање на играч на Динамо Киев, коментаторот се изнасмеа (видео)

24 годишниот словенски интернационалец во дресот на Динамо Киев, Бенјамин Вербиќ на крајно неспортски начин се обиде да изнуди пенал на првенствениот дуел против Мариупол

При резултат од 1:1, во 54. минута крилниот фудбалер во обид да се пробие во шеснаесетникот на гостинскиот тим симулираше за да добие најстрога казна.

Секако, тоа не помина кај главниот судија на натпреварот, а коментаторот кој го пренесуваше дуелот се изнасмеа на глупоста на Словенецот.