Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Македонскиот фудбалер Давид Бабунски претерано не се наигра во дресот на Црвена Звезда во минатата година.
Младиот играч за врска не беше во прв план кај искусниот стручнак Миодраг Божовиќ, па така во оваа зима се одлучи да го напушти Рајко Митиќ.
Очигледно дека се одлучи на вистински потег.
Бабунски одлично се снајдува во јапонскиот Јокохама. Досега во својата статистика успеа да запише два погодоци и исто толку асистенции, со што пишувањата на странските медиуми, влезе ве око на челниците на Манчестер Сити.
Секако ова е одлични вести за нашата земја, но покрај се во предвид треба да се земе и фактот дека токму Граѓаните имаат 20 % од акциите на јапонскиот тим каде што игра Бабунски.
Да потсетиме, Бабунски ја помина младинската школа на Барселона и до пред неколку години беше прогласуван за еден од најголемите таленти во Европа.