Англија ќе игра ослабена против Швајцарија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Селекторот на Англија, Герет Саутгејт нема да може да смета на услугите на Деле Али на дуелот со Швајцарија.

Фудбалската репрезентација на Англија ќе одигра во вторник пријателски натпревар со селекцијата на Швајцарија, бидејќи двете екипи се слободни.

Натпреварот ќе се игра на „Кинг Пауер“ во Лестер, а селекторот на Англија нема да може да смета на Али, кој има проблеми со повреден мускул.

Англија на стартот на Лигата на нации беше поразена на „Вембли“ со 1-2 од Шпанија.