Анри му оддржа лекција на Диего Коста


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилскиот напаѓач со шпански пасош, Диего Коста во последно време е во центар на внимание на медиумите.

Коста наводно добил богата понуда од Кина поради која се скара со управата на Челси и затоа не отпатува на натпреварот против Лестер.

Неговата ситуација ја коментираше Анри кој му кажа на Коста дека и тој бил во слична ситуација, но не го напуштил Арсенал.

„Мислам дека е поради лигата, поради навивачлите, но и за Челси е добро тоа што се врати Коста. Одлуката зависи од тоа кои ви се приоритетите. Имав неколку неверојатни понуди додека бев во Арсенал. Кога бевме непорезени во лигата дојдоа клубови кои ми нудеа двојно или тројно поголема плата, но одлучив да останам.“

„Мојот приоритет не беа парите. Можете да прашате било кој фудбалер во светот да му ја зголемите платата и ретко кој ќе добие. Моите размислувања беа поинакви. Тоа зависи од вашите приоритети.“

Анри играше во Арсенал од 1999 до 2007 година кога премина во Браселона. Подоцна се врати во Арсенал на позајмица и одигра уште 4 натпревари и постигна 1 гол.