Анри ја разочара фудбалската јавност: Ова е уличен речник…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Постои човек кој дели правда на секој меч, а Тиери Анри тоа никогаш не бил. Поради тоа, не треба да коментира, особено не да ги коментира постапките на противничките играчи.

Тренерот на Монако, разочара со своето однесување во првиот дел од мечот против Стразбур, се играше 43. минута кога Кени Лала изведуваше аут.

„Човече, 43. минута, баба ти е ку*ва“, истакна тој.

Фудбалерот на Стразбур го трошеше времето при резултат 2:1.

Не помина незабележано, го фати и камерата, а што можеше Анри да каже во своја одбрана?

„Тоа е уличен речник. Се каам. Тоа беше само рекација, јас сум човек, но се каам. Не требаше тоа да го направам“, истакна легендарниот Анри.