Антетокумпо стигна до нов рекорд!

Џанис Антетокумпо постави личен рекорд во НБА лигата, откако постигна 41 поен.

Во отсуство на Паркер, грчкиот кошаркар одигра одличен натпревар, па покрај поените, тој постигна и 8 скокови и 6 асистенции.

Сепак, неговата игра беше недоволна за победа на Милвоки. Неговиот тим изгуби со 122:114.