Антиќ и Звезда ја надиграа големата Барселона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кошаркарите на Црвена Звезда остварија голема победа против големата Барселона со резултат 90:82.

Одличен натпревар одигра тимот предводен од Душан Алимпиевиќ и заслужено го нанесе првиот пораз на каталонскиот тим.

Од почетокот на натпреварот „црвено белите“ заиграа многу добро на двата краја на паркетот и имаа целосна контрола на резултатот до самиот финиш, кога Барселона ја презеде предноста (79:80).

Сепак во самиот финиш одличниот Бјелица ја зеде одговорноста во свои раце и им го донесе првиот триумф за Црвена Звезда во Евролигата.

Бјелица беше најефикасен со 23 поени и три скокови, а еден кош помалку реализираше Рочести. Нашиот Антиќ беше блиску до дабл-дабл учинок со реализирани 10 коша и девет скокови.