Антонио Конте е изненаден од повикот на Белгија за Еден Азар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

 

Тренерот на Челзи, Антонио Конте, е изненаен од одлуката на Белгискиот селектор, Роберто Мартинез, кој го повика Еден Азар за претстојните кфалификациски дуели за Белгиската репрезентација.

Играчот сеуште нема заиргано за Челзи, откако минатата сезона се повреди и мораше да биде опериран.

26-годишниот играч настапуваше за резервниот тим на Челзи, во натпреварот против Евертон.

„Изненаден сум од одлуката на тренерот, но сепак ќе ја испочитувам.“ – Изјави Конте кој сеуште го нема ставено белгиецот во игра, поради неговата повреда.

„Азар не е спремен, тоа е причината поради што не е во нашиот тим, денеска. Единствено уште тој ни недостасува, но ќе се врати за брзо“ – заврши тренерот на Челзи.

Белгија ќе се сретне со Гибрлтар и Грција нареданта недела, а Роберто Мартинез сака во своите редови да го има и Еден Азар.