Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус во синоќешното дерби во 26. коло го совлада Наполи со 2-1.
Старата дама после првото полувреме имаше водство од 2-0 и играч повеќе, но откако беше исклучен Миралем Пјаниќ, Калехон намали на 2-1, па ситуацијата на теренот се „вжешти“.
Сепак Јуве успеа да слави и запиша вредни три бода.
Тренерот на Наполи најпрво го прокоментира исклучувуањето на Мерет во 25. минута.
„Навистина контроверзна одлука. Тој сигурно го „фати“ противничкиот играч, а можам да прифатам дека е казнет за тоа што проба да се бори во неговиот шеснаесетеник. Мерет не го допре Роналдо, а тој црвен картон го промени натпреварот“, кажа Анчелоти, па додаде:
„Искрено бев изненаден колку бевме супериорни во однос на Јувентус, кога силите ги одмеривме 10 на 10. Ги покажавме своите квалитети, но мораме повеќе да веруваме во сопствените способности“.
Го спореди својот тим и Јувентус.
„Јувентус има голем темперамент, индивидуално се јаки, додека ние имаме одлични техничари и мораме да се фукусираме на тие работи за да победуваме“.
Наполи и понатаму е на второто место во Серија А, а сега заостануваат зад Јувентус дури 16 бодови.