Анчелоти во сабота под императив, „шарено“ против Црвена Ѕвезда


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Според пишувањето на медиумите од Наполи, натпреварот со Фиорентина е клучен, а на Маракана славниот тренер ќе ги помеша картите.

Наполи сеуште не размислува за Ѕвезда, се плашат од Фиорентина која минататта година ги нокаутира кога сите веруваа дека можат да стигнат до титула, а како што пишуваат медиумите Анџелоти ќе игра со најсилниот тим, оној кој во првите две кола забележа победа, а ќе ротира најверојатно на Маракана.

Спремен е да игра е и Фабијо Руиз, најголемото летно засилување донесено од Бетис за кој платија 30 милиони евра. Иако Оспин покасно се враќа, тој во сабота ќе биде на голот, од првата минута, а ќе игра и Хамшик, додека во напад и понатаму нема место за Мартенс.

Според некои навивачи, против Ѕвезда шанса би можеле да добијат освен белгијците и Рог и Дијавара од прва минута, бидејќи распоредот не е лесен бидејќи после Маракана следи гостување во Торино.

После оваа прва пауза Анџелоти ќе ротира, а тоа Сари не го правеше минатите години.

Понатму, на Маракана би можел да одмори тројца или четворица играчи, но сеедено ќе биде тоа совршен состав, па Ѕвезда ќе биде во големо искушение.