Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Наполи Карло Анџелоти не може да го прежали излегувањето од Лигата на шампионите во која неговиот тим играше навистина добро, но не доволно за да се избори за пласман понатаму во конкуренција со ПСЖ и Ливерпул.
За Наполи кобен беше и натпреварот со Црвена Ѕвезда уште во првото коло кога италјанскиот вицепрвак во Белград одигра само 0:0.
„Испаднавме вистински магараиња поради оној натпревар со Црвена Ѕвезда во Белград. Требаше да победиме, ќе беше поинаку“, рече Карло Анџелоти кој потоа изјави:
„Бевме на добра позиција пред последното коло, но не успеавме да издржиме против Ливерпул, кандидат за титулата. И ПСЖ ќе биде во конкуренција за самиот трон заедно со Барселона и Јувентус.
Тука се и Атлетико и Реал иако без Роналдо и не се толку опасни.“
Наполи настапот во Лигата на шампиони го заврши на третото место со ист број на победи како второпласираниот Ливерпул, па во продолжението на сезоната ќе игра во Европската лига.