Анчелоти: Најпрво сакам да го направм фан на Милан...

 

Тренерот на Баерн Минхен Карло Анчелоти, денеска првпат пред новинарите проговори за иднината на преценетиот португалски репрезентативец, Ренато Санчез.

„Работам на случајот, прво сакам да го направам фан на Милан“ – изјави Анчелоти.

„Милан имаше одличен трансфер маркет, купија многу квалитетни играчи и сега имаат тим кој може да се бори за титулата. Им посакувам среќа.“ – истакна некогашниот тренер на Милан и додаде:

„Санчез моментално тренира со нас, но секој ден се обидувам да го направам фан на Милан“. – заврши искусниот стратег.

Секој ден се погласни се шпекулациите дека Ренато Санчез ќе ги смени боите на Баерн со Миланските, но дали ќе се случи такво нешто останува да почекаме.