Анчелоти: Не треба само ние да се грижиме, туку треба и Ливерпул и ПСЖ!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти вели дека ПСЖ нема да ја победи Црвена Звезда во Белград во последното коло од групната фаза во Лигата на шампиони.

Анчелоти вели дека не е сигурно, како што многумина тврдат, па Французите ќе се измачат за да ги освојат трите бода.

„Не е воопшто сигурно дека ПСЖ ќе победи во Белград. Напротив, мислам дека Црвена Звезда ќе одигра многу  добар натпревар“, кажа Анчелоти.

Анчелоти смета дека сите треба да бидат загрижени за нивниот пласман понатаму во Лигата на шампиони.

„Сите ги изненадивме со тоа што сме први во групата по пет натпревари. Требаше да бидеме загрижени, но и Ливерпул и ПСЖ. Нема да имаме навивачи на ‘Енфилд’ во последното коло, но докажавме дека може да го победиме англискиот гигант“, објаснува Италијанецот.