Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Односот со претседателот повеќе не беше ист.
Ел Дијарио повеќе пишуваше за тоа, а и ние вас на страниците на овој портал пренесовме како Флорентино Перез го финансираше наводно независниот интернет портал кој се фалеше со иснајдерски информации од Реал, а всушност во име на претседателот ги напаѓаше сите тие кои не се во служба на Кралскиот клуб.
Па дури и Карло Анчелоти, стручнакот, кој на Реал ја донесе долго чеканата „Десима“ десетта титула шампион на Европа.
Перез, покажаа мејловите до кои дојде Ел Даирио, беше нестрплив за што побрзо да го види на дело 99 милиони евра платеното засилување од Тотенхем – Герет Бејл.
Анчелоти нормално прво сакаше да го воведе во системот, па иако тоа беа само неколку недели газдата Флорентино инсистираше.
Нов конфликт на зима. Само поради тоа што во еден пораз Анчелоти го замени Бејл.
„Директорот ми рече дека претседателот сака да зборуваме. Менаџерот на Бејл (Џонатан Барнет) се жалеше поради тоа што Герет не игра повеќе во центар. Претседателот ме праша што ќе направам и јас му реков „Ништо“. Не можев да го менувам системот на игра среде сезона. Од тој момент, односот со претседателот не беше ист“, пишува Анчелоти во биографијата „Мирно лидерство:
Освојување на срцата, умовите и натпреварите“ која на 26 мај ќе се појави во продажба во Англија, па островските медиуми прелиствуваат мисли на еден од најголемите тренери на денешницата.
Не беше само односот со Перез проблем во Мадрид.
„Некоја статистика на УЕФА „откри“ дека тимот немал часови на тренинг како и другите европски тимови. А ние добивме 22 натпревари по ред, па мора да биде дека нешто работевме како што треба? Меѓутоа, кога таа статистика се појави, клубот почна да притиска: „Мораме да работиме повеќе“. Јас мислев баш спротивно. На играчите е потребен одмор. Титулата ја загубивме поради еден месец во кој не скршија повредите и заморот“.
Додека беше во Реал молчеше. Не е Карлито претерано зборлест. Да се потсетиме на неговото интервју за Тајмс.
„Во Челси освоив дупла круна па сум отпуштен. Во Мадрид десима па сум отпуштен. Доведете ме затоа што сум тивок човек. Па отпуштете ме затоа сум премногу тивок. Ми се допаѓа тој цитат од Кум: „Ништо лично, тоа е само бизнис“.