Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Карло Анчелоти сака да направи никогаш посилен Баерн Минхен.
Како што пренесува добор информиран Билд, Баварците се спремни да потрошат во ова лето 120 миолиони евра за двајца играчи.
Според овој извор, Анчелоти соопшти на клубот дека неговите примарни мети се Марко Верати и Алексис Санчез.
Баерн е спремен да плати по 60 милиони евра за секој од нив, ПСЖ тешко ќе прифати на тоа, додека Арсенал тешко да одбие подобра понуда на година дена пред истекот на договорот на Санчез.
Не е тајна дека токму Санчез најмногу сака да премине во Баерн, кој е прв на листата на неговите приоритети.
Верати го сакаат бројни клубови, а најголем конкурент на пазарот на Баерн е Барселона која има пеколен план за летната реконструкција.
Во секој случај, доколку Баерн го донесе овој тандем, ќе има никогаш посилен тим, замислете само среде ред – Верати, Видал, Тијаго и напад Санчез, Робен, Левандовски…