АО: Бушар без проблеми против Чирико!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во последниот натпревар кој се одигра денес на Австралијан Опен, подобра беше Евгенија Бушар од Чирико.

Тенисерката од Канада успеа во 2 сетови да ја елиминира својата противничка од САД, односно 6:0 и 6:4.

Првиот сет помина во целосна доминација на тенисерката од Канада додека во вториот сет беше видена поголема борба, но Чирико немаше сили да направи нешто повеќе против Бушар.

Бушар во наредното коло ќе игра против Пенг која беше подобра од Касаткина со 2:0 во сетови.