АО: Кербер повторно со проблеми, Јанковиќ сигурна!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес на програмата од АО во Мелбурн се одиграа натпреварите и од женскиот дел.

Првата тенисерка во светот Анџелика Кербер се пласираше во 3-то коло откако ја победи Карина.

Германката имаше многу проблеми со 89-та тенисерка на ВТА листата, но на крајот победи во 3 сетови со 6:2, 6:7 и 6:2 по 2 часови и 11 минути.

Нејзина противничка во наредно коло ќе биде Кристина Плишкова која ја победи Ирина со 6:4 и 7:6.

Во 3-то коло се пласираше и Јанковиќ која беше подобра од Џулија со 6:3 и 6:4.  Во борба за 1/8-финале ќе се бори против Кузњецова која ја победи Фурлис со 6:2 и 6:1.