АО: Натпревар од кој може срце да ви застане – Сепи со пресврт против Кирјос стигна до победа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес се одигра вистински маратон помеѓу тенисерот од Италија, Сепи кој направи сензација против 14-от носител Кирјос.

Кирјос одлично го започна натпреварот и во првиот сет победи со неверојатни 6:1, а потоа во вторито малку се помачи и дури во тај-брејк со 7:1 успеа да го освои и тој сет.

Сите мислеа дека е готово, дека Сепи повеќе не може да се врати во натпреварот, но тој им го докажа спротивното на сите.

Најпрво во 3-от сет успеа да се врати и да го освои со 6:4, а потоа и со многу подобра игра и 6:2 во 4-от сет.

5-от сет беше неверојатен, иако беа одиграно „само“ 18 гејмови, имаше по неколку шанси за Кирјос и за Сепи на свој сервис да стигнат до победата, но во тоа подобар беше Сепи во 18-от гејм, откако претходно успеа да му го одземе сервисот на противникот.

На останатите натпревари кои завршија, Џек Сок успеа да го победи Качанов од Русија со 3:0 во сетови додека Еванс беше подобар од Чилиќ со 3:1 во сетови.