Арсенал во тешка мисија: Сака фудбалер од Франција, но ќе мора да плати 80 милиони!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал мора да купува нови фудбалери во јануари за да ја продолжи битката за место меѓу четирите најдобри екипи во Премиерлигата.

Една од желбите на тренерот Унај Емери е Николас Пепе од Лил, кој сезонава постигна 12 голови на 18 натпревари во првенството, а притоа имаше и осум асистенции.

Сепак, спортскиот директор на Лил, Луис Кампос кажа дека Пепе има цена од 80 милиони евра.

„Пепе вреди 80 милиони евра, но клубот кој го сака ќе мора да го убеди и него“, кажа Кампос.