Арсенал? Имам само една желба


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри нема намера да го напушти клубот.

Медиумите во Италија и Англија го именуваа Алегри за тренер на Арсенал, но италијанецот нема да го напушти Јувентус, а тоа денес и го потврди.

„Во Јувентус ми е убаво. Среќен сум во Торино и се надевам дека овде ќе останам подолг период“, изјави Алегри.

„Не мислам дека поразот од Милан во Доха е нешто сензационално. Мојата желба е да ја освојам шестата по ред титула со Јувентус и тоа ќе биде историски успех. Работам на тоа и тоа ми единствената цел.“

Старата дама е лидер во Италија после 17 натпревари со 42 бода, а Рома има четири помалку. Јувентус утре игра против Болоња.