Арсенал најави засилување од Реал, навивачите порачаа: Не ни е потребен!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Управата на Арсенал знае како да ги налути навивачите, откако најавија дека ќе го ангажираат Кејлор Навас од Реал Мадрид, а тоа не им се допадна на фановите.

Арсенал сезонава се бори за позиција меѓу најдобрите четири екипи, но навивачите не се презадоволни од резултатите и екипата, која ја имаат.

Поради тоа беа најавени неколку искусни засилувања, а еден од нив требаше да биде Гери Кејхил од Челси, но уште не е познато.

Уште едно (непријатно) изненадување за навивачите беше најавата дека ќе дојде резервниот голман на Реал, Навас. Сепак, реакциите на навивачите доовлно покажуваат дека тие не го сакаат во екипата.

„Зошто би го купувале Навас?!… Навас има 32 години… Не ни е потребен Навас… Навас ќе биде како Клаудио Браво во Сити и ќе биде промашување“, се само дел од реакциите.