Арсенал нуди 8 милиони евра годишно за ѕвездата на Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во идната сезона во првата екипа на Реал Мадрид веројатно ќе бидат Нејмар, Винициус, Раул де Томас, па се очекува дека еден напаѓач да го напушти клубот ова лето. Тоа наводно би можел да биде Лукас Васкез, кој е желба на Арсенал.

Тимот од Лондон, според наводите на OK Diario, пратил примамлива понуда до Кралскиот клуб за Шпанецот.

Наводно, тренерот на Арсенал, Унаи Емери, смета дека му е потребен таков играч.

Не е познато колку е точната понуда од Арсенал, но според изворот, Арсенал понудил 8 милиони евра годишно, што е повеќе од моменталната плата на Васкез во Мадрид.

Меѓутоа, Реал не планира да го продава Лукас, па понудата на Арсенал мора да биде примамлива за Кралевите.