„АС“: Перез повторно пазарува, Реал заинтересиран за екстра талент


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпански „АС“ пишува дека Реал Мадрид е заинтересиран за младиот стопер на Порто, Едер Милитао, кој привлече интерес од многу екипи по одличниот старт на кариерата.

Милитао „експлодираше“ во дресот на Порто, па сега Реал испрати скаути на „Драгао“ за да ги следат неговите настапи.

Порто е подготвен да го продаде Милитао, но само за сума поголема од 50 милиони евра, а очигледно „кралевите“ нема да имаат проблем да потрошат толку пари за него.

Милитао е специфичен фудбалер, кој настапува како стопер, но знае да игра и како десен бек, па токму тој би бил добро освежување за екипата на Сантијаго Солари.