Атлетико го „пецна“ Реал, па Карвахал брутално им одговори! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид го совлада Леванте со 2-1, а во центар на внимание се грешката на судијата, кој досуди пенал за „кралевите“ во 78. минута, иако причина за такво нешто немаше, па го навлече гневот кај шпанската јавност.

„Кралевите“ се измачија, но на крајот ги освоија трите бода, а на судијата не му помогна ниту ВАР-технологијата, па поради тоа на социјалните мрежи се огласи Атлетико Мадрид.

„Како почеток на доделувањето на Оскарите…“, напиша градскиот ривал на Реал на социјалните мрежи.

На провокацијата на Атлетико не можеше да остане мирен Дани Карвахал, кој со генијален одговор го замолче нивниот градски ривал.

„Ви препорачувам да го погледнете ‘Во срцето на Ла Десима’ и ‘Ундесима’“, им порача Карвахал, кој мислеше на филмовите за прославата на титулите во Лигата на шампиони на Реал Мадрид.