АТП Софија – Хасе подобар од Кузманов!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес беа откажани 3 натпревари од програмата на турнирот во Бугарија, а досега се одиграа и 4 натпревари.

Во првиот натпревар Милер без никакви проблеми беше подобар од квалификантот Бурге со 2:0, односно 6:3 и 6:2.

Стиби од Германија направи голем пресврт против Гавашвили. Русинот одлично го започна натпреварот и имаше водство од 6:2 во првиот сет, но потоа Стиби направи пресврт со 6:0 и 6:1.

Јужни беше подобар од Србинот Тепавац со 2:0 во сетови, односно 7:6 и 6:4.

Хасе немаше проблеми против домашниот тенисер Кузманов, па со 2:0 во сетови, односно 6:4 и 6:3 стигна до победа и пласман во наредното коло.