Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кошаркарските љубители сигурно беа задоволни од неверојатниот меч одигран синоќа меѓу Мајами хит и Голден Стејт вориорс (126-125).
Ветеранот Двејн Вејд одигра одличен меч, а беше човекот кој го урна шампионот. Тој и на своите 37 години потсети на најдобрите денови од кариерата, па со прекрасна тројка во финишот ги постави конечните 126-125.
На Вејд најпрво му испадна топката во нападот, но потоа ја додаде до Вејтерс и се извлече на шут, овој пат за три поени.
Пред него се обидоа кошаркарите на Голден Стејт да направат блокада, но Вејд ја избегна и на само 0,3 секунди пред крајот шутна за тројка и ја крена публиката на нозе.
Прославата беше како да ја освоиле шампионската титула, но сепак тоа беше легендарниот Вејд, кој сигурно нема да го гледаме уште долго на кошаркарските паркети.