Ајакс бара вистинско богатство од Барса за своите фудбалери


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од редовите на Ајакс ќе бараат дури 124 милиони фунти за најдобрите фудбалери Матијс де Лигт и Френки де Јонг. И двајцата се поврзуваат со трансфер од Барселона, па „Каталонците“ ќе треба да платат „солена“ сума за двајцата фудбалери.

Де Лигт е еден од најдобрите млади дефанзивци во светот, додека пак Де Јонг веќе на големо го споредуваат со легендарниот Јохан Кројф.

Јувентус е заинтересиран за Де Лигт, додека за Де Јонг притиска англискиот шампион, Манчестер Сити.