Ајзеа Томас ќе го пропушти остатокот од сезоната!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бостон играат во финалето против Кливленд, а до крајот ќе им биде уште потешко затоа што нема да играат со својот најдобар играч.

Ајзеа Томас ќе го пропушти плеј-офот. Томас во вториот натпревар против Кливленд се повреди и сега ќе мора да паузира.

Тој прв пат се повреди на 15-ти март против Минесота, а потоа ја обнови повредата по само 2 недели.

„Томас неуморно работи за да ја отстрани повредата, но отокот се зголеми и тој нема да игра против Кливленд.“

Третиот натпревар се игра во недела од 2:30.