Баварците во „луд“ шопинг: Баерн го купува најдобриот напаѓач во Бундеслигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Докторскиот тим на Баерн Минхен вчера потврди дека Хамес Родригез нема да може да настапува во наредниот период.

Колумбиецот сигурно нема да може да се врати на теренот во наредните неколку недели, па тоа е проблем за тренерот Нико Ковач.

Германците пишуваат дека поради тоа Баварците решиле да го ангажираат поранешниот фудбалер на Ковач, односно Лука Јовиќ од Франкфурт.

Јовиќ сезонава е одличен и во моментов е прв стрелец во германската Бундеслига, па се очекуваат конкретни потези од актуелниот германски шампион во јануари.