Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Баерн Минхен доби „корпа“ и по вторпат за Калум Хадсон-Одои, откако Челси не сакаше да ја прифати нивната понуда од 20 милиони фунти.
„Сините“, наводно, бараат 40 милиони фунти за младиот фудбалер, кој привлекува голем интерес од европските гиганти.
Тренерот на Челси, Маурицио Сари не го користи премногу во екипата, па поради тоа младиот фудбалер сака да замине бидејќи сака поголема минутажа.
Хадсон-Одои, исто така привлече големо внимание и од Борусија Дортмунд, која ќе се обиде да го купи на крајот на сезоната.