Баерн калкулира: Сега не го сакаме Лукас Ернандез?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Изминатата недела беше лансирана веста за можната трансфер бомба која како што се наведува требаше да се случи во јанурскиот преоден рок.

Најпрво Марка пренесува дека Баерн е подготвен да ја активира откупната клаузула во дговорот кој Лукас Ернандез го има со Атлетико Мадрид, а недолго потоа стигна и реакција на „Јорганџиите“.

Во официјалното соопштение наведено е дека самиот играч ги демантирал наводите за можен трансфер, а споменат е и коректниот однос кој Атлетико го има со Баерн.

Досега немаше реакција од Минхен, многумина тоа го сфатија како потврда дека нешто „се крчка“, но „Билд“ денес пишува дека германскиот гигант се откажува од трансферот.

Тоа не значи дека Баерн дефинитивно се откажува од Лукас Ернандез, туку дека во јануарскиот преоден рок нема да ја плати сумата која Атлетико ќе го врзе за раце и ќе го остави без важна алка во тимот.

Можеби ваквиот пристап на челниците од Баерн ќе му овозможи на клубот следното лето да го добие Лукас Ернандез по нешто поповолни финансиски услови. Доколку тоа не биде случај, 80 милиони евра секако ќе бидат доволно за репрезентативецот на Франција да премине на „Алијанц Арена“.