Баерн Минхен ќе вложи 200 милиони евра за нови засилувања


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен подготви најмалку 200 милиони евра за трансфери во летниот преоден рок, а тоа го потврди и претседателот на клубот, Ули Хенес.

Баварците за разлика од претходните години решија да вложат многу пари во реконструкција на тимот, кој го напуштаат ветераните Франк Рибери и Арјен Робен.

„Пред нас е најголемиот инвестициски проект во историјата на Баерн. Фудбалот се промени, сега се вртат повеќе пари, но трофеите носат фудбалери со карактери и харизма“, кажа Хенес.

Баерн ќе го урна рекордот на Корентин Толисо од 42 милиони евра и тоа убедливо, зашто се очекува пристигнување на Лукас Ернандез од Атлетико Мадрид за 80 милиони евра. Исто така, договорен е Бенџамин Павар од Штутгарт за 35 милиони, како и талентираниот напаѓач Ја-Фет Арп од Хамбург за 2,5 милиони.

Следен е крилниот напаѓач на Лил, Николас Пепе, за кого Баерн ќе плати 80 милиони евра, а последен би требало да биде Калум Хадсон-Одои од Челси за 35 милиони евра.