Баерн прашува – Голмане, дали си заинтересиран да седиш на клупа неколку сезони?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За Улрих изгледа дека нема место.

Свен Улрих после две сезони на Алијанц Арена сепак сфати дека премногу го сака фудбалот. Одлучи да си замине на крајот од сезоната и раководството на Баерн доби главоболка. Малку се добри голмани спремни да го прифатат предизвикот против Мануел Ноер за место помеѓу стативите.

Со Џанлуиџи Буфон најверојатно се најдобрите во планетата. Улрих е број два. Му се смачи. Баерн сега бара нова жртва. И изгледа ја најде во Париз или во Памплона. Салваторе Сиригу е прв пик за да биде резерва на Ноер.

Многу поголемо е прашањето дали Сиригу е спремен да ја прифати улогата на морална подршка. Во Париз го немаше, па по доаѓањето на Трап замина на позајмица во Осасуна. Борбата за опстанок го натера да го стави прстот на челото и да размисли.

Цената според германските медиуми би изнесувала околу 7 милиони евра бидејќи договорот со ПСЖ му истекува во 2018-та година, а светците сакаат да го продадат.

А наводно опција е и Рене Адлер од Хамбургер.