Баерн сака да го задржи Хамес, но се соочува со конкуренција од Англија и Италија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Спортбилд“ пишува дека од таборот на Баерн Минхен сакаат да го направат договорот на Хамес Родригез перманентен со што би го оставиле Колумбиецот на „Алијанц Арена“ и во следните неколку години.

За 27 годишниот фудбалер кој во моментов е на позајмица во Минхен од Реал Мадрид, сепак постои интерес и од други топ тимови ширум европа.

Германскиот весник пренесува дека за Хамес постои интерес од Јувентус, но и од неколку англиски премиерлигаши, а не се исклучува можноста тој да се врати и во Реал Мадрид, но тоа ќе зависи од тоа кој ќе биде перманентен наследник на Лопетеги на клупата на „Кралевите“.