Баерн се јави за прв кандидат: Од УЕФА се чека „амин“ за организирање на финалето во 2021. година


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Баерн го организираше финалето во Лигата на шампионите на својата „Алијанц Арена“ во 2012. годиа, успеаа и да дојдат до него, но доживеаа пораз од Челси по лошото изведување на пенали.

Следната сезона освоија трофеј, и од тогаш се во „пост“, а сега решија уште еднаш да се пријават за организација на финалето во елитното натпреварување.

Имено, како што соопшти Карл-Хајнц Румениге, Баерн ќе испрати официјална пријава за организација на финалето во 2021. година, на својот стадион.

„Можам да потврдам дека заедно со градот Минхен ќе предадеме пријава за оддржување на финалето во Лигата на шампионите на Алијанц Арената во 2021. година. Покрај поразот големото спортско разочарување, кое го доживеавме во 2012. година, против Челзи и натаму се сеќаваме на финалето дома. Би биле среќни ако УЕФА ни даде причика уште еднаш да го дочекаме фудбалскиот свет во Минхен“, истакна извршниот директор на Баерн.

Документите за пријава мора да се предадат до 15. јануари 2019. година, а одлуката ќе се донесе во текот на пролетта следната година.

Од основањето на ЛШ, Баерн домаќин беше три пати во 1993., 1997. и 2012. година.