Баерн ќе прави ремонт: Стигна и првото засилување кое го сметаат за „новиот Робен“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пред неколку денови, претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес, најави дека клубот ќе почне со ремонт на тимот.

Германскиот гигант се мачи и во моментов се петто место во Бундеслигата, а фудбалерите како Арјен Робен, Франк Рибери, Роберт Левандовски и други не личат на себе.

Овој тим мора да ја менува речиси цела генерација, а во екипата веќе стигна „новиот Робен“, односно Алфонсо Дејвис.

Тој вчера стигна во Минхен на медицински прегледи, па ќе може да настапува за Баварците од јануари 2019 година, а потпиша четиригодишен договор.