Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Марио Балотели го одбележа минатото коло во француската Лига 1 со нов црвен картон.
Балотели во минатиот викенд порано под туш бидејќи доби директен црвен картон после што приговараше на главниот судија.
Италијанецот пцуеше на англиски, а поради тоа го заработи својот трет црвен картон во оваа сезона.
Дисциплинската комисија на Лига 1 одма реагираше, а после извештајот на судијата е поткрената истрага.
После неколку дена чекање вечерва конечно е објавена нивната одлука.
Имено, Балотели доби два натпревари суспензија поради црвениот картон.
Сепак, тоа што е полошо за Италијанецот е дека секој нареден црвен картон ќе заначи минимално три натпревари неиграње.
После што одлуката е соопштена се огласи и неговиот агент Мино Раиола.
„Имам решение. Треба да го отсечеме неговиот јазик и повеќе на никого да не може да приговара“, рече Раиола.