Барнли со две големи засилувања во текот на денешниот ден

Денес беше доста активен ден во фудбалскиот клуб Барнли кој објави вести кои ќе ги израдуваат фановите на овој клуб.

Имено, клубот кој е едно од најпријатните изненадувања во Премиер лигата оваа сезона денес го потврди трансферот на Арон Ленон кој на „Турф Мур“ пристигна од Евертон. Поранешниот англиски репрезентативец со Барнли потпиша две и пол годишен договор.

Другата вест која ќе ги израдува фановите на Барнли е и фактот што тренерот Шон Дајч потпиша нов четири и пол годишен договор. Дајч и целиот негов стручен штаб ја продолжија верноста со клубот и покрај тоа што за нив имаше голем интерес од неколку клубови  од Англија.