Барос го торпедираше Металург 2 за нова победа на Еурофарм Работник


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ракометарите на Еурофарм Работник го победија Металург 2 во Автокоманда во натпревар од 15-то коло во македонската ракометна прва лига, 24:33.

Гостите од Битола првото полувреме минимално го добија првото полувреме, 13:14. Во второто полувреме ракометарите на Еурофарм постигнаа неколку погодоци во серија, па на крајот победија со 24:33.

Барос со 14 погодоци го предводеше Еурофарм. Кај Металург 2 најефикасен беше Марио Танкоски со 8 погодоци.

10-та победа за Еурофарм Работник, а седми пораз за Металург 2 оваа сезона. Битолчани се наоѓаат на третата позиција, а вториот тим на Металург е на осмата позиција.