Барса призна дека преговорите не ни почнале: Меси сепак го напушта Ноу Камп?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Прво се зборуваше дека е скап, па дека Барселона нема да успее да го испочитува финансискиот фер-плеј (со тоа што ги тера клубовите за повеќе од 70 % од буџетите не смеат да одат на плати на играчите), па понудата од Кинезите од 500 милиони евра… Се тоа се доживуваше несериозно, напросто не се верува дека Лео може да замине од Барселона.

Но, после победата над Еспањол и уште една партија во која на нозе го гидна Ноу Камп, можеби стигна сигнал дека сите тие приказни и не се без доказ.

Буџерот на Барса е 695 милиони евра, а од клубот барал не помала плата од таа што ја има сега (32 милиони евра), но и гаранција дека тимот ќе се бори за трофеи.

А со продолжување на договорите на Маскерано, Бускетс, Нејмар и Луис Суарез, тоа и го доби.

Сепак, во неделата навечер потпретседателот на Барса Жорди Местре изјави:

„Не, преговори со Меси за продолжување на договорот не се почнати. Морате што порано, во првиот квартал од идната година, ќе донесеме некои одлуки“.

Очигледно дека е жешка тема на Ноу Камп, па и на двојниот стрелец Луис Суарез му стигна исто прашање:

„Ух, се надевам дека Лео ќе остане меѓу нас…“