Барса со хет-трик во Купот на кралот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона го освоија Купот на Кралот. Каталонците вечерва во финалето одиграно на Висенте Калдерон во Мадрид го победија Депортиво Алавес со 3:1, и сепак успееја лошата сезона да ја завршат со трофеј.

Добар меч е виден во Мадрид, посебно во првото полувреме кога се постигнати четири гола.

Алавес ја имаше првата голема шанса. Ибаи Гомез ја здрма стативата на голот на Барселона, но веќе во наредниот напад стигна казна.

Лионел Меси погоди за 1:0. Само три минути подоцна Алавес израмни. Прекрасен гол постигна Тео Ернандез за 1:1.

Меѓутоа, до крајот на првото полувреме два гола во мрежата на Алавес.

Нејмар во 45 минута погоди за ново водство на Барса (2:1), а во третата минута од продолжението Пако Алкасер погоди за 3:1.

Продолжението не донесе гол.

Барса без поголеми проблеми ја сочува предноста и дојде до трофеј во Купот на кралот.

Алавес за прв трофеј ќе чека некоја друга шанса.


ba 31 by goloviliga